Ученици од Скопје, кои биле заедно со нивните професори, биле нападнати во Охрид.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се движеле по улицата.
Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.