Две лица нападнале 75-годишна жена додека влегувала во лифт во Аеродром и ѝ го одзеле паричникот
Седумдесет и петгодишна жена од Скопје била физички нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда во скопската општина Аеродром. Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен вчера. В.Т. (75) била нападната од две лица кои ѝ го одзеле паричникот со пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Жена затекнала крадец во својот стан во Аеродром, ја нашла вратата насилно отворена и блокирана со столица
Педесетгодишна жена од Скопје била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако при враќањето дома затекнала непознато лице кое, според пријавата, одзело пари од станот. Според пријавеното во МВР, Л.П. (50) забележала дека влезната врата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе бидејќи од внатрешната страна била блокирана со столица. Откако успеала да ја …
Continue Reading
Автомобил удрил во бетонски столб во Кичево, тешко повредена жена
Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена, а 75-годишен маж се здобил со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Влашки пат“ во Кичево. До несреќата дошло кога патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (44) од кичевското село Шутово, удрило во бетонски столб од куќа. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката …
Continue Reading
Трактор прегази 71-годишен маж во двор во струшко Мислешево
Седумдесет и едногодишен маж од струшкото село Мислешево бил повреден откако го прегазил сопствениот трактор во дворот од неговиот дом. Несреќата била пријавена вчера (13 октомври) во 11:29 часот во ОВР Струга. Според пријавеното, И.М. (71) работел на тракторот „ИМТ 539“ кога возилото ненадејно се придвижило и го прегазило со задното тркало. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Струга, …
Continue Reading
Во рамки на оперативната акција „Чистач“ уапсени три лица од Скопје за уцена и закани: барале 10.000 евра од жител на Делчево
Во рамки на оперативната акција „Чистач“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје, З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43). Акцијата е реализирана по оформен предмет во Основното јавно обвинителство …
Continue Reading
Скопјанец ја нападнал сопругата со која се разведува, полицијата го уапси
Дваесет и петгодишен скопјанец е уапсен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи. Нападот бил пријавен во дом на подрачјето на Гази Баба, по што полициските службеници презеле мерки и го привеле осомничениот А.А. (25). Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен …
Continue Reading
Девојка од Дебар тврдела дека ѝ украле накит вреден илјадници евра, сега се соочува со кривична пријава
Дваесет и четиригодишна девојка од Дебар заработи кривична пријава откако, според полицијата, лажно пријавила кражба на златен накит и други предмети во вредност од околу 3.000 евра од нејзиниот дом. Како што информираат од МВР, на 15 септември годинава, Е.К. (24) пријавила во полицијата во Дебар дека непознато лице влегло во нејзината куќа и одзело накит и други вредни предмети. …
Continue Reading
Опожарено возило на Државна лотарија во Скопје, полицијата го истражува случајот
Патничко возило во сопственост на Државна лотарија на Македонија било опожарено во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен денеска (13 октомври) во 2:12 часот во СВР Скопје од страна на 42-годишен скопјанец со иницијали А.М. Станува збор за автомобил од марката „бејџинг бејч“, со скопски регистарски ознаки, кој бил опожарен на улицата „Крсте Асенов“. …
Continue Reading
(Фото/Видео) Царинските службеници запленија хашиш, амфетамин и MDMA и тетрахидроканабинол: приведен германски државјанин
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин и MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од боди-камерите кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД, извести Царинската управа. „Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца …
Continue Reading