(Видео) Санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а снимката беше споделена на социјалните мрежи


driftanje-stip-foto-mvr-video.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 22-годишниот С.К. од Штип.


Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK