Кавадарчанец падна од карпа додека бил на лов и загина, пожарникарии го ваделе телото
Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи. – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина …
Continue Reading
Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, …
Continue Reading
Ги претепал сопругата и неговата мајка: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка. Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Починат скопјанец пронајден во просториите каде што работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Continue Reading
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и …
Continue Reading
52-годишник од Гостиварско измамен за 2.000 евра: уплатил пари за да земе кредит
На 24.12.2025 во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое …
Continue Reading
Кривична против директор на основно училиште од Ростуше: вработил наставници без факултет
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во село Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно …
Continue Reading
Кривични против тројца прилепчани: пронајдена дрога и оружје, како и предмети кои потекнуваат од тешки кражби
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување …
Continue Reading
(Видео) Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице: двајца уапсени од кои едниот е полицаец
Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил …
Continue Reading