Пожар избувнал на улицата „Самоилова“ во Скопје, во близина на Кале, на просторот кај стариот полигон.
Според информациите од полицијата, при пожарот што се случил вчера била запалена сува трева, а огнот брзо се проширил и зафатил три возила.
Во обид да ги отстрани возилата од зафатеното подрачје, едно лице се здобило со повреди кршејќи ги стаклата.
На терен интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што пожарот бил изгаснат.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.