Кривична против Турчин: ограбил казино во Охрид и истепал вработена

СВР Охрид кривична пријава против K.C.(45) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 24.11.2025 во казино во Охрид, пријавениот одзел пари од благајната, а при излегување од објектот физички нападнал вработена во казиното, која го забележала.

Continue Reading

Пресметка со огнено оружје во Арачиново: оштетено возило кое случајно се затекнало на местото

Вчера во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсен маж од Тетовско: кај него се пронајдени 3106 парчиња пиротехнички средства

Вчера во 16:30 часот на улицата „19 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.Ј.(35) од село Селце, тетовско, затоа што кај него се пронајдени и одземени 3106 парчиња пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Ограбена аптека на Бит-пазар

Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Од водите на реката Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на село Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице. По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на …

Continue Reading

Уапсени мажи во Куманово и Прилеп: возеле пијани, а кумановецот предизвикал и сообраќајна незгода

Вчера во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско. По преземени мерки е …

Continue Reading

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, …

Continue Reading

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – …

Continue Reading

Тетовци направиле лажна сообраќајка за да земат осигурување

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција. Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални …

Continue Reading