Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола.
Утрото, во 07:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Неколку часа подоцна, во 12:00 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Енгелсова“ во Штип, патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Г.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
Вечерта, во 19:48 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“ во Битола, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од село Долна Чарлија, општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.