Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор
Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало серија судири, оштетувајќи повеќе автомобили, контејнери и градска инфраструктура. Според информациите од МВР, возилото со скопски регистарски таблички, управувано од 52-годишен маж од Косово со привремен престој во село Арачиново, најпрво удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и …
Continue Reading
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Continue Reading
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен. Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош. Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид …
Continue Reading
Уапсени девет лица во Скопје, пронајдена дрога на повеќе локации
Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 26 и 27 декември 2025 година лишиле од слобода девет лица на различни локации во Скопје, поради сомнение за поседување наркотични средства. Приведени се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28), сите од Скопје, како и Д.Т. (31) од село Булачани, скопско, Б.И. (36) од Гостивар, …
Continue Reading
Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
Ваташанец бил лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал …
Continue Reading
Мртов најден исчезнатиот маж од Кавадарци
Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 10 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна …
Continue Reading
Полицаец од Гази Баба фатен во изнуда на 20.000 евра, ќе добие отказ
Лишен од слобода полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“. Поднесена е кривична пријава, а следува и суспензија од работното место. Како што информираат од МВР, по претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни …
Continue Reading
Кавадарчанец падна од карпа додека бил на лов и загина, пожарникарии го ваделе телото
Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи. – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина …
Continue Reading