(Видео) Спектакл во првото полувреме – Милан го победи Интер
Милан го победи Интер со 3:1 (3:1), во 10-то коло во Серија А. Актуелниот првак на Италија, потклекна пред расположениот противник и го забележа првиот пораз во сезоната во домашниот шампионат. Интер со натпревар повеќе остана на делба на првата позиција со Лацио, додека Милан скокна на четвртото место, со 21 бод, четири помалку од двете водечки екипи. Првото полувреме, …
Continue Reading
Тепачка меѓу навивачки групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено
Едно лице е повредено, а друго е приведено по физичка пресметка меѓу навивачки групи пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, помала група припадници на навивачката група „Фемили“ нападнала навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“, кои чекале да влезат на спортски натпревар. Инцидентот бил пријавен денеска, околу 18:55 часот во СВР Скопје. …
Continue Reading
(Видео) Кејн промаши пенал, Борусија во 89-та минута освои бод во Минхен
Баерн и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 2:2 во големото дерби од осмото коло на Бундеслигата, во натпревар обележан со промашен пенал од Хари Кејн, поништен гол на Белингем, повреди на тројца играчи од домашната екипа и возбудлив финиш. Натпреварот на „Алијанц Арена“ започна свечено. Хари Кејн ја покажа „Златната топка“, која ја освои за прв пат во кариерата во понеделникот, …
Continue Reading
Само осум од 100 жени Ромки се вработени, економската зависност ги изложува на поголем ризик од насилство
Неформираното образование, тешкиот пристап до вработување и економската зависност ги ставаат жените Ромки во особено ранлива положба. Недостигот од сопствени приходи за многу од нив значи и ограничени можности да ја напуштат средината во која се изложени на насилство. Дополнително, дискриминацијата ја чувствуваат при барањето работа, во здравствените установи и во образовниот систем. Сабина Асанова, претседателка на Ромската асоцијација „Родоп“ …
Continue Reading
Србија назадува во слободата на медиумите, нема напредок во владеењето на правото, оценува Европската комисија
Србија бележи дополнително назадување во областа на слободата на медиумите, нема напредок во владеењето на правото, а резултатите во борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат многу ограничени. Ова се дел од оценките во новиот извештај на Европската комисија за Србија, кој официјално треба да биде објавен на 4 ноември. Во документот, кој го опфаќа периодот од крајот на 2025 …
Continue Reading
Почина Мишо Ковач, легендарниот пејач кој продаде над 20 милиони плочи
На 85-годишна возраст почина Мате Мишо Ковач, легендарниот пејач од Шибеник, еден од најпопуларните музичари на поранешна Југославија, кој во речиси петдецениската кариера продаде повеќе од 20 милиони плочи. Веста ја објави хрватскиот портал „Индекс“, повикувајќи се на извори блиски до пејачот. Ковач е роден на 16 јули 1941 година во Шибеник. Интересот за музиката го покажал уште на 16-годишна …
Continue Reading
Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните
Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со обезбеден автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој во објава на Фејсбук посочи дека целта на активноста е природните богатства на градот да им бидат подостапни на граѓаните, кои имале можност одблизу да се запознаат …
Continue Reading
(Видео) Украинците ги нападнале Русите од под земја, минале 15 километри низ гасовод
Украинските сили извеле необична воена операција во близина на Купјанск, во Харковската област, користејќи подземни гасоводни цевки за да се инфилтрираат зад руските позиции. Според првичните податоци што ги соопшти Киев, во акцијата биле убиени повеќе од 100 руски војници, а над 30 биле заробени. Украинските војници поминале повеќе од 15 километри низ подземната гасоводна инфраструктура, под линијата на фронтот …
Continue Reading
(Видео) Брајтон го нокаутира Манчестер Сити
Фудбалерите на Манчестер Сити загубија од Брајтон на својот „Етихад“ со 1:0 (1:0) во натпреварот од деветото коло на англиската Премиер лига. Истите ривали се сретнаа на истото место пред само три вечери, тогаш натпреварот од Лига купот заврши 2:2, по што Сити имаше среќа да помине понатаму по подобро изведување на пенали. Сепак, овој пат, тимот на Фабијан Хирцелер …
Continue Reading