(Видео) Спектакл во првото полувреме – Милан го победи Интер


screenshot-2026-10-31-225342.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милан го победи Интер со 3:1 (3:1), во 10-то коло во Серија А. Актуелниот првак на Италија, потклекна пред расположениот противник и го забележа првиот пораз во сезоната во домашниот шампионат. Интер со натпревар повеќе остана на делба на првата позиција со Лацио, додека Милан скокна на четвртото место, со 21 бод, четири помалку од двете водечки екипи.


Првото полувреме, во „Дерби дела Мадонина“, беше едно од најдобрите во последаната деценија.

Милан го нокаутира градскиот ривал во првите десет минути, со головите на Пулишиќ и Рабио.

Надежите на Интер ги врати Бастони во 22-та минута. Потоа Интер ја презеде иницијативата, ја притисна одбраната на Милан и создаде неколку шанси. Голманот Мајк Мањан особено се истакна, спречувајќи го шутот на Спенс од блиску со фантастична интервенција.

Сепак, крајот на првото полувреме им припадна на „росонерите“, поточно на Диего Мореира. Во 43-та минута, Николо Барела го фаулираше Јунус Муса на работ од шеснаесетникот, а младиот Белгиец со фантастичен удар погоди и го постави конечниот резултат.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK