(Видео) Кејн промаши пенал, Борусија во 89-та минута освои бод во Минхен


screenshot-2026-10-31-204909.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баерн и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 2:2 во големото дерби од осмото коло на Бундеслигата, во натпревар обележан со промашен пенал од Хари Кејн, поништен гол на Белингем, повреди на тројца играчи од домашната екипа и возбудлив финиш.


Натпреварот на „Алијанц Арена“ започна свечено. Хари Кејн ја покажа „Златната топка“, која ја освои за прв пат во кариерата во понеделникот, пред 75.000 гледачи. Англискиот репрезентативец доби стоечки овации од трибините, а потоа следеше големото дерби.

Баерн имаше можност, но Олисе немаше среќа да погоди во деветтата минута. Неговиот удар завршши во стативата.

Во првиот дел двајца играчи на Баерн, побараа измени, поради повреди. Саибари, во 24-та минута, откако промаши во ситуација еден на еден со Кобел, остана да лежи на тревата, а потоа го напушти теренот, а две минути подоцна измена побара и Гнабри.

И покрај кадровските проблеми, Баерн постигна гол за водство, о 38-та минута преку Лајмер, по додавањето од Олисе.

Боруија експресно возврати, но голот на Белингем беше поништен поради прекршокот на Чукуемека над голманот Убриг.

На почетокот на второто полувреме, Баерн имаше идеална можност да го дуплира водството. Беше досуден пенал за домашниот тим, Хари Кејн ја презеде одговорноста, но добитникот на „Златната топка“ не успеа да го реализира пеналот. Неговиот удар заврши во гредата.

Во 60-та минута, Борусија успеа да израмни на 1:1 преку Гираси. Сепак, одговорот на Баерн беше брз. Само шест минути подоцна, Кејн учествуваше во акцијата од која Лајмер со глава ја врати топката пред голот, а Дајо Упамекано постигна гол за 2:1.

Нов шок, Баерн доживеа во 83-та минута, Олисе седна на тревата, а потоа побара измена.

Кога се чинеше дека сите три бода ќе останат во Минхен, во 89-та минута, преку Силва, Борусија успеа да стигне до ново израмнување и конечни 2:2.

Двата тима остнана на водечките позиции во Бундес лигата со по 18 поени, два повеќе од третопласираниот Фрајбург.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK