(Видео) Брајтон го нокаутира Манчестер Сити
Фудбалерите на Манчестер Сити загубија од Брајтон на својот „Етихад“ со 1:0 (1:0) во натпреварот од деветото коло на англиската Премиер лига. Истите ривали се сретнаа на истото место пред само три вечери, тогаш натпреварот од Лига купот заврши 2:2, по што Сити имаше среќа да помине понатаму по подобро изведување на пенали. Сепак, овој пат, тимот на Фабијан Хирцелер …
Continue Reading
(Видео) Ескалација на протестите во Тирана, демонстранти со качулки фрлаа камења кон полицијата
Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата избувнаа денеска во Тирана, каде што група млади лица со качулки запалија канти за отпад и фрлаа камења кон полициските службеници пред Министерството за образование. Протестот е организиран од студенти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама, јавува Франс прес. Протестот започнал мирно, со собир на неколку стотици граѓани пред Министерството за образование. Демонстрантите …
Continue Reading
Доколку не биде осуден, Хакими го чека најголемиот договор во ПСЖ
Ашраф Хакими (27) одигра брилијантен натпревар, синоќа кога неговиот Пари Сен Жермен играше во Авр. Шампионот на Европа победи (5:1), а Мароканецот учествуваше во сите пет гола, потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите фудбалери деншницата. „Тој не играше како десен бек вечерва, не играше ниту како крило, едноставно кажано, играше како комплетна фудбалска личност. За да се постигнат три …
Continue Reading
(Видео) Атлетико победи кај Леванте и се искачи на челната позиција во Ла Лига
Атлетико Мадрид на Градскиот стадион во Валенсија го победи Леванте со 2:0 во 11-то коло од Ла Лига. Ова беше 344-та победа на тренерот Диего Симеоне, во 565-от натпревар во Ла Лига, со што на првото место на вечната листа се изедначи со клупската легенда, Луис Арагонес. Фудбалерите на Атлетико Мадрид по деветтата победа во првенството се искачија на првот …
Continue Reading
Лажни електродистрибутери ограбувале домови во Грција, пленот над 227.000 евра
Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека се претставувале како вработени во електродистрибутивна компанија и ограбувале и измамувале граѓани, при што се стекнале со плен вреден над 227.000 евра, објави „Екатимерини“. Осомничените, на возраст од 20 до 39 години, управувале со лажен телефонски центар во Западна Грција и користеле нерегистрирани телефонски броеви. Тие им се јавувале на граѓаните …
Continue Reading
(Видео) Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези
Манчестер Јунајтед во деветтото коло го доживеа петтиот пораз во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, попладнево загубија во Лондон од Челзи со 2:0. Јунајтед по девет рунди има само една победа и скромни седум бода. Се чини дека по овој меч Мајкл Керик ќе добие отказ. Иронијата е што на „Стенфорд Бриџ“, Јунајтед се распадна за 10 минути, откако одигра добро …
Continue Reading
Лавров: Зеленски мора да дојде во Москва ако сака средба со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва доколку сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ова повторно го порача шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва е подготвена да ја гарантира безбедноста на украинскиот претседател. Лавров истакна дека Путин повеќепати изјавувал оти е подготвен да се сретне со Зеленски, и покрај случувањата во изминатите …
Continue Reading
Пријавила дека сопругот ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал во семејниот дом во Чаир
Дваесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и добивала закани од сопругот во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска во 3 часот наутро, а нападот се случил претходниот ден, околу 13 часот. Според пријавеното, нејзиниот 24-годишен сопруг ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди, а упатувал …
Continue Reading
Украден пиштол „глок“ од незаклучено товарно возило во Чаир
Седумдесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека од неговото товарно возило во скопската општина Чаир му бил украден пиштол „глок“. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 30 октомври во 20:30 часот, а кражбата се случила пет дена претходно, на 25 октомври, околу 3:30 часот. Според пријавеното, товарното возило не било заклучено кога од него бил одземен пиштолот. Од полицијата …
Continue Reading