Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните


matka1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со обезбеден автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


Тој во објава на Фејсбук посочи дека целта на активноста е природните богатства на градот да им бидат подостапни на граѓаните, кои имале можност одблизу да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење.

„Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец. Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее! Токму затоа, денес организиравме бесплатен разглед на Матка и Врело, можност нашите сограѓани да се оддалечат од секојдневието и да уживаат во едно од најубавите катчиња на нашиот град“, истакна Ѓорѓиевски.

Како дополнителен мотив за промоција на пештерата Врело, градоначалникот го посочи подвигот на полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој достигна длабочина од 338 метри. Со тоа, Врело е запишана како најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK