Милвоки го отпушти тренерот кој донесе титула по пауза од половина век

НБА лигашот Милвоки денеска му врачи отказ на 53-годишниот Мајк Баденхолцер под чие водство клубот во 2021 година ја освои втората шампионска титула во својата историја, а прва по пауза од 50 години. Оставката е последица на елиминацијата на Милвоки во првото коло од разигрувањето за титулата во кое екипата предводена од Баденхолцер влезе со најдобар ефект во регуларниот дел …

Continue Reading

МВР: 160 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 81 возило ја пречекорило брзината во населено …

Continue Reading

Реконструкцијата на пет улици во кривопаланчката населба Илинден

Теренските активности за рехабилитација и реконструкција на вкупно пет улици во кривопаланчката населба „Илинден” почнаа денеска, а градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателката на Советот Изабела Павловска, директорот на јавното претпријатие „Комуналец” Миле Марковски и надлежните служби извршија увид на терен. – Отпочнување со еден голем, значаен проект за жителите на населбата, реконструкција на 5  улици во „Илинденска”, …

Continue Reading

Пригожин: Борците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут на 10 мај

Сопственикот и водач на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај. – Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година сме обврзани да ги префрлиме нашите позиции во населбата Бахмут на единиците на Министерството за одбрана …

Continue Reading

Прес-конференција за реализација на коридорите 8 и 10д (во живо)

Прес-конференција на првиот заменик на претседателот на Владата Артан Груби, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин и директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска.

Continue Reading

Орбан: Во војната во Украина не може да има победници

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека една од позициите на Будимпешта, од почетокот на војната во Украина, е дека не може да има победници. Орбан за унгарското државно радио изјави дека западните идеи за победа или пораз се всушност „лажна воена дихотомија“, објави МТИ. „Невозможно е да се замисли дека некој би можел да победи земја со таква нуклеарна моќ …

Continue Reading

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени две лица

Вчера попладне во  16.15 часот во близина на Стар мост во Велес, полициски службеници од СВР привеле 42-годишниот А.Ш. и 25-годишниот Р.С. двајцата од Велес. При преглед кај Р.С. биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана,информираат од СВР Велес. Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен …

Continue Reading

Велешкиот Детски хор „Св .Кирил и Методиј“ го освои третото место на Фестивал во Шпанија

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес под диригентската палка на Веселинка Маџарова го освои третото место на меѓународниот фестивал „Certamen Juvenil de Habaneras“ што се одржа во Тореавјеха, Шпанија. Тие беа  единствен македонски хор на овој светски натпревар на хорови во силна претквалификација од 30 хора од кои биле избрани само пет меѓу кои и велешкиот „Св Кирил …

Continue Reading

Без вода дел од Бардовци

Без вода утрово од 9:40 часот ќе бидат корисниците на  улицата 4/17 во Бардовци. Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, причина за прекинот е дефект ф-80 мм на оваа улица, а вода нема да има до неговото целосно санирање.

Continue Reading