Реконструкцијата на пет улици во кривопаланчката населба Илинден

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Теренските активности за рехабилитација и реконструкција на вкупно пет улици во кривопаланчката населба „Илинден” почнаа денеска, а градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателката на Советот Изабела Павловска, директорот на јавното претпријатие „Комуналец” Миле Марковски и надлежните служби извршија увид на терен.







– Отпочнување со еден голем, значаен проект за жителите на населбата, реконструкција на 5  улици во „Илинденска”, кадешто се наоѓа едно од двете основни училишта во градот,но и е густо населена населба. Токму тука вложуваме 15 милиони денари, средства обезбедени за капитални инвестиции од блок-дотации на Министерство за транспорт и врски. Следува реконструкција и рехабилитација на улиците: „Наско Тамбурков”, „Трета Македонска ударна бригада”, „17-та Македонска ударна бригада”, ул.„Чупино Брдо” и ул.„Димитар Влахов”, а во исто време во соработка со ЈП Комуналец, ќе се изврши и замена на целокупната водоводна инсталациона мрежа на сите пет улици, со нови, полиетиленски цевки за водоснабдување, изјави градоначалникот Митовски.

Посочи дека само за локална и регионална патна мрежа во Крива Паланка годинава ќе бидат инвестирани  122 милиони денари или 2 милиони евра.

-Подобра патна инфраструктура, подобра водоводна инфраструктура, сѐ во прилог на подобри услови за живот на сите наши сограѓани, додава Митовски.

Тековно, во Крива Паланка се врши рехабилитација на улицата „Св.Јоаким Осоговски” на потег од Осички Мост до мотел Македонија, се инвестираат 12.000.000 денари, средства обезбедени преку Центарот за развој на Североисточен плански регион ( СИПР), а деновиве е планирано отпочнување на градежните активности за изградба на нова улица во населбата Баглак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK