Родри пред дуелот со Аргентина: Посебно внимание мора да му посветиме на Меси

Капитенот на Шпанија,  Родри, изјави дека финалето на Светското првенство против Аргентина е „натпреварот на нивните животи“ и порача дека неговата репрезентација мора да влезе на терен со храброст и победнички менталитет. „Им реков на момците дека мора повеќе да сакаме да победиме отколку што се плашиме од пораз. Со таков дух мора да излеземе на терен“, рече Родри за …

Continue Reading

Ако барате виновник, тоа сум јас, но не се каам за своите одлуки, рече селекторот на Англија по критиките поради поразот

Селекторот на Англија, Томас Тухел, застана во одбрана на своите тактички одлуки по болниот полуфинален пораз од Аргентина (2:1) и порача дека ја презема целосната одговорност за елиминацијата, но дека не жали за ниту еден потег. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција, германскиот стратег одговори на критиките што ги доби поради тоа што неговата репрезентација, по водството …

Continue Reading

Муцунски од Вашингтон: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство со САД

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето на соработката во …

Continue Reading

Меси за фотографијата со бебето Јамал: Лудост е што сега ќе играме еден против друг во финале на СП

Лионел Меси за првпат јавно ја коментираше легендарната фотографија на која го држи Ламин Јамал како бебе, оценувајќи дека е „лудост“ што речиси две децении подоцна двајцата ќе бидат ривали во финалето на Светското првенство. Фотографијата му ја покажа легендарниот играч на американски фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА организираше претставување на финалето. …

Continue Reading

Левица: Да се испита кој дозволил непроверена вода да влезе во водоводниот систем

Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине …

Continue Reading

Сладолед во 18 часот: вечерниот ритуал што ги поврзува генерациите

За Денот на сладоледот, податоците на Wolt откриваат кога и што најчесто се нарачува во Македонија, од вечерниот пик до класиците чоколадо и ванила. Сладоледот е многу повеќе од десерт. Тој е мало секојдневно задоволство што нè враќа во детството, но и ритуал што продолжуваме да го создаваме со нашите деца, родители и пријатели. Малкумина знаат дека во третата недела …

Continue Reading

Едни го мразат, други го слават: Зошто се игра мечот за третото место на СП?

Натпреварот за третото место на Светското првенство отсекогаш предизвикувал поделени мислења. За едни тоа е дуел што ниту една репрезентација не сака да го игра, додека други го сметаат за најпознатиот утешен натпревар во фудбалот и последна можност за освојување медал и подобрување на индивидуалната статистика. На Светското првенство во 2026 година Англија и Франција, поразени во полуфиналето, ќе се …

Continue Reading

Англија и Франција во битка за бронзата на Светското првенство

Откако останаа без место во големото финале, Англија и Франција вечерва ќе се соочат во натпреварот за третото место на Светското првенство. Дуелот за бронзениот медал ќе се одигра на стадионот „Хард рок“ во Мајами со почеток во 23 часот по средноевропско време. Двете европски селекции ќе се обидат да ја завршат мундијалската приказна со победа, по болните полуфинални порази. …

Continue Reading

(Фото) Ања Тејлор-Џој прошета низ Њујорк во градник

Американската актерка Ања Тејлор-Џој привлече внимание со своето модно издание за време на промоцијата на новата серија „Lucky“ во Њујорк. Ѕвездата на „Дамин гамбит“ се појави во виолетов градник во стил на топ, преку кој носеше зелен кардиган, комбиниран со портокалово здолниште со шарен дезен и жолти чевли со високи потпетици. Anya Taylor-Joy pic.twitter.com/1zFEbBlHbh — ً (@gorgarchive) July 17, 2026 …

Continue Reading