Извештајот на Европската комисија покажува политичко влијание врз судството, вели СДСМ

СДСМ соопшти дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува, како што наведува партијата, нивните предупредувања за системски притисок врз судството и обвинителството од страна на власта. „Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива“, наведуваат од …

Continue Reading

Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец речиси запре по ескалацијата меѓу САД и Иран

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“. Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 …

Continue Reading

Маж со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи

Шеесет и тригодишен маж во средата со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според полицијата, возачот изгледал дезориентирано, не застанал пред затворената капија и со поголема брзина продолжил по патoт. Тој бил уапсен, а потоа пренесен во болница. Против него е поднесена пријава за неовластен влез на приватен имот и предизвикување материјална …

Continue Reading

Бен Афлек продаде компанија на Нетфликс за 587 милиони долари

Нетфликс го презеде ВИ стартапот „InterPositive“, основан од холивудскиот актер Бен Афлек, во зделка вредна 587 милиони долари, покажуваат документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Компанијата, која Афлек ја основа во 2022 година во Лос Анџелес, развива алатки со вештачка интелигенција наменети за постпродукција на филмови. Системот не создава филмови од почеток, туку им помага на …

Continue Reading

Сончево и топло време со температура до 39 степени, попладне услови за дожд

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе …

Continue Reading

Азески во Брисел на средба со раководството на EUROCHAMBRES

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел. На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката …

Continue Reading

Техеран предупреди: Ќе почнеме сеопшта офанзива ако нападите продолжат

Иран се закани дека ќе започне сеопшта офанзива доколку американските напади врз земјата продолжат уште неколку дена, додека САД седма ноќ по ред изведуваат воздушни удари. Воен советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе премине во фаза на сеопшта офанзива ако американските напади продолжат уште два до три дена. „Иран повеќе нема да се задоволи само …

Continue Reading

САД седма ноќ го напаѓаа Иран, Техеран возврати со удари врз Кувајт и Јордан

Американската војска ја заврши седмата последователна ноќ на напади врз Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека цел на операциите биле воена логистичка инфраструктура и други воени објекти. Во меѓувреме, иранската војска соопшти дека, како одговор на американските напади, погодила воени цели во Кувајт и Јордан. Според иранската државна телевизија, биле гаѓани кампот Ал-Адири и воздухопловната база Али …

Continue Reading

САД и Србија отворија ново поглавје: Договорена соработка во енергетиката, одбраната и 5Г

Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Вашингтон го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија, со кој, според заедничкото соопштение, започнува нова фаза во партнерството меѓу двете земји. Во рамки на дијалогот, САД и Србија потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност. Вашингтон ја поздрави и одлуката …

Continue Reading