Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето
Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти ја продолжија забраната поради опасност од одрони и лизгање на земјиштето од стрмните карпи што ја опкружуваат. На туристите нема да им биде дозволено да се симнат на плажата ниту да се капат, а бродовите не смеат да се приближат …
Continue Reading
Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“
Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска. „Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор …
Continue Reading
Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на …
Continue Reading
Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал. Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Сеп Блатер на чело на ФИФА, беше …
Continue Reading
Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година на сметката на основен буџет. Во конечниот извештај, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Ревизијата утврдила …
Continue Reading
Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија
Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Во април, московскиот суд го прогласи познатиот …
Continue Reading
Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците
Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е подготвено. Новото книжевно дело „Љубов и Смрт“ од авторот Зоран Спасов Sоф веќе предизвика силни реакции. Причината, вели авторот, не е во тоа како историјата се раскажува, туку во начинот на кој се чита. Во романот, Гоце Делчев не е претставен како недопирлив симбол, …
Continue Reading
Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште
Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација. „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека …
Continue Reading
Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник
Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува збор за една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот, а според специјализираните портали, нејзин сопственик е кинескиот милијардер Ричард Лиу. „Дип блу“ е долга 134,2 метри и е изградена во познатото германско бродоградилиште Лирсен. Вредноста на јахтата се …
Continue Reading