Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се привлечат пациенти и од соседните држави. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен …

Continue Reading

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров

Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во …

Continue Reading

(Видео) Бојковска: „Роамингот како дома“ станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Брисел бара измени на Законот за Судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Тој оцени дека ова е уште една потврда дека власта погрешно го претставувала законот како доказ за реформски напредок. „Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. …

Continue Reading

Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија, рече Лефков

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти. „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.  Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на …

Continue Reading

МВР доби теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, …

Continue Reading

Истанбул ќе биде домаќин на македонско-турски бизнис форум: Во фокусот инвестиции, енергетика и инфраструктура

Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е …

Continue Reading

Ристов до комуналните претпријатија: Инвестирајте во мрежата, дигитализацијата и енергетската ефикасност за да ги намалите загубите на вода

За да се намалат загубите на вода, јавните комунални претпријатија (ЈКП) мора да инвестираат во инфраструктура, дигитализација и енергетска ефикасност – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на панелот ‚‚Користење на водоводната мрежа‘‘, во рамките на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“. …

Continue Reading

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. „Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени …

Continue Reading