Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“


sovet-skopje.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска.


„Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за кого имаше многу забелешки во работењето. Не сакаше да одговори ниту за непотизмот во Пожарникарската бригада. Потоа не сакаше да одговори за состојбите во Лајка. Зошто ретерираше од ставот за дивиот пешачки премин во Чаир?Исто така, не одговори конкретно ниту за понудената рака од СДСМ да му дадеме комплетна документација за да може Градот да конкурира за набавка на автобуси“, рече Цаневска – Арсовска.

Најверојатно не сака да одговори, додаде таа, бидејќи тука нема да може да има простор за трошење и злоупотреба на пари.

Цаневска – Арсовска, исто така, рече дека го добиле ребалансот на Буџетот со задоцнување, што, според неа, е кршење на Деловникот.

„Тоа беше и деловничко кршење во работата на Советот. И уште една работа – седницата повторно започнува со кршење на Деловникот. Наместо законските седум дена, материјалите за значајни точки, како што е ребалансот на Буџетот, ги добивме со задоцнување. Орце Георгиевски милува да каже дека тој е избран и дека тој одговара за работата на Советот. Да го потсетиме дека и ние сме избрани од граѓаните и одговараме пред граѓаните. Одговорноста не е само негова, туку и наша. Ние и понатаму ќе се бориме за интересите на граѓаните“, рече Цаневска – Арсовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK