МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот
МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии со задоволство информира дека склучи патрон партнерство со Property One Group и TGG, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите членки во процесот на пронаоѓање, дизајнирање и опремување на деловни простори. Ова партнерство претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за раст и развој на ИКТ секторот, …
Continue Reading
Енергетска безбедност во националниот план за енергија и клима 2025-2030
-
Mark
-
April 23, 2026
-
Колумни, Став
-
0 Comments
Пред неколку дена Владата го усвои документот со наслов “Интегриран Национален план за енергија и клима 2025–2030“. Според Министерството за енергетика ова е стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Ја посетив веб страницата на Министерството со цел да го “симнам“ документот и да го прочитам, но …
Continue Reading
Гаши ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско Јонската Иницијатива
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 24 април 2026 година ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Конференцијата ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на …
Continue Reading
ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина, воведени се нови санкции врз Русија
Земјите-членки на ЕУ формално одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина и 20-тиот пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство. Вчера, амбасадорите на земјите-членки покренаа писмена постапка за усвојување на две одлуки, која беше завршена денеска попладне. Двете одлуки, за заемот и за 20-тиот пакет санкции, досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, оправдувајќи го своето …
Continue Reading
Муцунски – Варнес: Стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО се клучни фактори за стабилност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. „Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не сака отворање на рудник кој ќе ја заживее Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места
СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број. СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка …
Continue Reading
Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот
Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во …
Continue Reading
Отворен Саемот на книгата 2026 во Скопје: „Кој чита, живее илјада животи пред да умре“
Книгата е најтивката револуција што човештвото ја познава. Таа не вика, не урива, не бара дозвола, но менува сè, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на Саемот на книгата 2026 во Скопје. На свечениот настан, во присуство на голем број издавачи, автори, гости од земјава и од странство, како и голем број љубители на пишаниот збор, …
Continue Reading
Алиу: Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно во Македонија
Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на денешниот состанок на Економско-социјалниот совет во Владата, на …
Continue Reading