Уште една франшиза влегува во трката за потписот на Адетокумбо
Името на Јанис Адетокумбо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи уште една франшиза, Феникс Санс. Според најновите информации што ги објави „Еурохупс“, Санс се споменуваат како една од потенцијалните дестинации за грчката суперѕвезда пред летото 2026 година, доколку дојде до конечна разделба со Бакс. Засега, сè е во доменот на шпекулации, …
Continue Reading
Сезоната заврши за Арда Гулер и Едер Милитао
Фудбалерите на Реал Мадрид, Арда Гулер и Едер Милитао, ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, објави денес шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со тетивата на десната нога, а Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Клубот, објави дека повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и дека неговиот настап …
Continue Reading
Јамал ја заврши сезоната, ќе биде подготвен за Мундијалот
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ја заврши сезоната, објави клубот. Јамал доживеа повреда на „зданата ложа“, на левата нога против Селта. Се повреди кога го шутна пеналот, што беше единствениот гол во натпреварот. Тој ќе биде подложен на третман, ќе го пропушти остатокот од сезоната, но се очекува да биде подготвен за Светското првенство. „Тестовите потврдија дека играчот од првиот …
Continue Reading
Зоран Ристоски нов директор на МРТВ
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – …
Continue Reading
Би-би-си: Нападот на иранските специјални сили врз брод во Ормускиот теснец беше инсцениран
Иранската револуционерна гарда (IRGC) објави снимка од наводното запленување на товарниот брод „Епаминондас“, кој беше пресретнат вчера во Ормускиот теснец. Видео објавено од IRGC ги покажува нивните сили како се приближуваат кон трговскиот брод и ја преземаат контролата врз бродот. Тоа е еден од двата брода запленети од Иран за време на вчерашните инциденти во теснецот. Според иранската новинска агенција …
Continue Reading
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална трка
Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница …
Continue Reading
Јаневска: Силна поддршка од Словенија за зајакнување на образованието на медицинските сестри и акушерките по европски стандарди
Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу полесно да го реализираме“, рече …
Continue Reading
Утре сончево време со температура до 23 степени, од вторник повторно дожд
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната …
Continue Reading
Претрес во Кисела Вода, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Оружје и муниција се пронајдени вчера при претрес во дом на скопјанец, на подрачјето на Кисела Вода. Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(39) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и …
Continue Reading