„Го знам премиерот“ не поминува веќе, функционерите кои се повикуваат во мое име, ги знаеме, вели Мицкоски
„Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција“, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања. Тој …
Continue Reading
(Видео) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за институционалните пропусти и за изгубените животи од семејно насилство
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има. „По трагичниот настан …
Continue Reading
Пожар во затворот „Идризово“: зафатен кровот на амбулантата
Пожар избувнал по полноќ во затворот „Идризово“, зафаќајќи дел од објектот на затвореното одделение. Инцидентот бил пријавен во 00:21 часот, кога од казнено-поправната установа информирале дека гори кровот на амбулантата во рамки на затворот. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во настанот нема повредени лица. Надлежните извршиле увид, а …
Continue Reading
Тепачка меѓу болничари во ургентниот центар на комплексот клиники
Во Ургентниот центар се случил инцидент меѓу вработени, откако болничар бил нападнат од свој колега. Случајот бил пријавен вчера, кога 27-годишен скопјанец информирал дека околу пладне, додека бил на работното место во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, бил физички нападнат. Според пријавата, напаѓачот бил негов колега, исто така болничар, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки …
Continue Reading
Ферстапен избрка новинар од прес-конференцијата во Сузука
Макс Ферстапен исфрли новинар од својата прес-конференција пред Големата награда на Јапонија. Возачот на Ред Бул одби да започне разговор со претставници на медиумите во Сузука во четврток откако го забележа Џајлс Ричардс од „Гардијан“ меѓу новинарите, пишува Би-Би-Си. „Нема да зборувам додека не си замине“, реќе Ферстапен. Ричардс праша дали Макс е сериозен и дали се однесува на прашањето …
Continue Reading
Лимани: Потпишавме историски Колективен договор, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој денеска се потпиша страните потписници го истакнаа како …
Continue Reading
Полицаец од Кичево пријавен за малтретирање: употребил сила иако немало отпор
Полициски службеник од Кичево се соочува со кривична пријава и дисциплинска постапка, откако, според наодите на внатрешната контрола, неовластено употребил физичка сила врз лице при интервенција. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава против М.А., полицаец во Полициската станица Кичево, поради сомнение за „малтретирање во вршење на службата“. Настанот се случил на 12 февруари годинава, на кружниот тек …
Continue Reading
Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна, повреден 52-годишен возач
Малолетник во Гевгелија предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Инцидентот се случил на 25 март, околу пладне, на раскрсницата меѓу улиците Деко Ковачев и Миле Пецанов во Гевгелија. Во судирот учествувале два мопеда – едниот управуван од 52-годишен гевгеличанец, а другиот од 16-годишник. По несреќата, малолетниот возач го напуштил местото, но набргу бил пронајден. Со …
Continue Reading
Тешко повредени мотоциклисти и сопатник во сообраќајки во Тетово и Велес
Два одделни сообраќајни инциденти во текот на вчерашниот ден завршија со тешки повреди, откако мотоциклисти и сопатник беа повредени во несреќи во Тетово и Велес. Попладнето, околу 15:55 часот, на булеварот Маршал Тито во Тетово, дошло до судир меѓу автомобил „мерцедес“, управуван од 34-годишен жител на Челопек, и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, зад чиј управувач бил 27-годишен жител на …
Continue Reading