Тешко повредени мотоциклисти и сопатник во сообраќајки во Тетово и Велес


depositphotos_690460288_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два одделни сообраќајни инциденти во текот на вчерашниот ден завршија со тешки повреди, откако мотоциклисти и сопатник беа повредени во несреќи во Тетово и Велес.


Попладнето, околу 15:55 часот, на булеварот Маршал Тито во Тетово, дошло до судир меѓу автомобил „мерцедес“, управуван од 34-годишен жител на Челопек, и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, зад чиј управувач бил 27-годишен жител на Брвеница. Во ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Неколку часа подоцна, околу 20:20 часот, слична сцена се одиграла и во Велес, на улицата Васил Антевски Дрен во населбата Превалец. Во несреќата учествувале автомобил „ауди“, управуван од 20-годишен велешанец, и мопед кој го управувал 22-годишен жител на Клуковец. Најтешко поминал 28-годишниот сопатник од мопедот, кој се здобил со тешки повреди, додека возачот на мопедот се здобил со полесни телесни повреди. Повредените биле згрижени во Општата болница во Велес.

Од полицијата информираат дека на двете места бил извршен увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK