Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег до вторник
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна …
Continue Reading
Трамп повторно го критикува НАТО, Руте му одговори
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека многу европски земји се подготвени да дејствуваат заедно за да обезбедат слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, еден од клучните енергетски центри во светот. Руте нагласи дека европските земји се подготвени да се соберат и да разговараат какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за …
Continue Reading
Русија: Задоволни сме од изјавата на Зеленски, тој кажа важна работа
Русија денеска ги поздрави изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ги условил безбедносните гаранции за Киев со откажување од источниот регион Донбас. Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на Русија, рече дека изјавите на Зеленски „не можат, а да не ја задоволат“ Москва. „Тој кажа важна работа… конечно сфати дека ставот на САД е таков што ќе ги поддржува безбедносните …
Continue Reading
Трамп: Иранците се лоши воини, но одлични преговарачи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот на кабинетот зборуваше за војната против Иран, која Вашингтон ја нарекува операција „Епски бес“. Трамп повтори дека САД убедливо го добиваат конфликтот, нагласувајќи дека американските сили со недели нанесуваат сериозни удари врз иранските воени капацитети „на ниво што ретко се гледа“. Тој го повтори своето претходно тврдење дека Иран сака да постигне договор. …
Continue Reading
Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, Влатко Стефановски во Сплит го претстави новиот албум Muscle Memory
Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, кои вечерва ќе ги прими на концертот во Сплит, прославениот македонски гитарист Влатко Стефановски одржа прес-конференција на која ги претстави своите два нови изданија – авторскиот албум Muscle Memory и проектот Guitar Things, во изданија на Croatia Records. Станува збор за исклучително продуктивен период за еден од најценетите гитаристи во регионот, кој …
Continue Reading
Мемов со Мисијата на ММФ: Неопходно да се преземат активности што поскоро за консолидирање на пензискиот систем
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на Мисијата, Ник Гигинеишвили. На средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усоглаување на пензиите. Мемов нагласи дека во …
Continue Reading
Бедните 7 проценти за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор“ за покачување плати од бедни 7% годишно? Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%! Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е „историско“ …
Continue Reading
Путин: Русија мора да биде силна, шоковите во светската трговија се нова реалност
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија мора да биде силна и обединета за да одговори на предизвиците на времето, поради настаните со кои се соочува светската заедница, како што се шоковите во трговијата и инвестициите. „Настаните со кои се соочува светската заедница во последните години покажуваат дека шоковите во трговијата, инвестициите и меѓународните односи воопшто се случуваат сè …
Continue Reading
Лукаревска до Трипуновски: Ги излажавте оризопроизводителите, субвенциите доцнат, а откупната цена е катастрофална
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции, а паралелно и со откупна цена од само 18 до 23 денари за …
Continue Reading