Малолетник во Гевгелија предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Инцидентот се случил на 25 март, околу пладне, на раскрсницата меѓу улиците Деко Ковачев и Миле Пецанов во Гевгелија. Во судирот учествувале два мопеда – едниот управуван од 52-годишен гевгеличанец, а другиот од 16-годишник.
По несреќата, малолетниот возач го напуштил местото, но набргу бил пронајден. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.
Во меѓувреме, 52-годишниот возач се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во гевгелиската болница.
Полицијата извршила увид на местото, а се утврдуваат сите околности под кои се случила несреќата.