Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија. Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Зеленски наведе дека разговарале …
Continue Reading
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година. Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија …
Continue Reading
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија. Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. …
Continue Reading
(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува
„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена. Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за …
Continue Reading
Европска порака до Орбан: „Она што ѝ го правите на Украина е црвена линија, нашето трпение се троши!“
Белгискиот министер за надворешни работи Максима Прево и германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул во Берлин ја осудија заканата на Унгарија со вето на европскиот заем за Украина, еден ден по четвртата годишнина од руската инвазија врз земјата. Вадефул на заедничка прес-конференција со белгискиот колега повторно изрази „запрепастеност“ од однесувањето на Унгарија. „Унгарија мора да разбере дека трпението на останатите …
Continue Reading
Европската комисија предлага укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан
Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците. Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија. Тоа ќе значи …
Continue Reading
Децата предводат национална иницијатива за интернет без омраза
Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија. Претставувајќи ги своите идеи и решенија, тие повикаа на поддршка за создавање побезбедна и поинклузивна дигитална средина. Децата, поделени во пет …
Continue Reading
ЕВН Македонија со награда за пионер во дуалното образование
Скопје, 25.02.2026: ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата. Признанието му беше врачено на Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, г. Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, г-дин Бранко Азески. На настанот присуствуваше …
Continue Reading
Кога избираме посно со Имлек Оаза, не се откажуваме од уживањето
-
Mark
-
February 25, 2026
-
Магазин, Промо, Храна
-
0 Comments
Периодот на пости често нè поттикнува да направиме поразличен избор во исхраната. Но изборот на растителни напитоци не значи ограничување, туку можност за разновидност и нов пристап кон секојдневните оброци. Имлек Оаза нуди 100% растителни напитоци од овес и бадем, создадени за сите кои сакаат полесна исхрана или постат. Овие напитоци не содржат лактоза и се збогатени со калциум и …
Continue Reading