Зошто вашиот бизнис треба да прифаќа плаќања со биткоини и крипто со Binance Pay

Криптовалутите повеќе не служат само за инвестирање – тие го менуваат начинот на кој плаќаме. Од продавници за мода до ресторани и дигитални пазари, бизниси од различни индустрии сега ги прифаќаат крипто плаќањата како побрза и  пофлексибилна алтернатива. Колку повеќе потрошувачи имаат дигитални средства како биткоин (BTC), етер (ETH) и стабилни монети (USDT, USDC), толку бизнисите имаат можност да ја …

Continue Reading

Дводневна програма за чествување на 24 Мај- Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“

Гевгелиското архиерејско намесништво со богата дводневна програма за одбележување на Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“- 24 Мај. Чествувањето ќе започне на 23 мај 2025 година, со Акатист кон Свети Кирил и Методиј со петолебие. Вечерта, во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“, од 18:45 до 19:30 часот , следува културно-уметничката програма. Ќе настапат: „Распеани гевгеличани“, Ансамбл „Бојмија“, …

Continue Reading

Љутков: Ние не го чуваме само делото на светите браќа, ние го живееме нивното наследство

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј. Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици. „Реализацијата на Генералната асамблеја токму овде е симболично …

Continue Reading

Брисел предлага нова такса од две евра по пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување на такса од две евра по пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн платформи како што се кинеските „Шеин“ и „Тему“, изјави комесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчовиќ. Како што објави RTVE, станува збор за таканаречената управувачка такса, која би ги покривала трошоците за обработка на голем број мали пакети што …

Continue Reading

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот Закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавачите ќе можат да ги пријават своите сезонски или работници ангажирани на одреден период. Како што појасни Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ со ова се создаваат и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 1,500 прехранбени производи поскапеа во време на владеењето на СДС

1.500 прехранбени производи поскапеа поради зголемувањето на ДДВ во време на владеењето на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека синдикалната кошничка поскапува, народот осиромашува, а власта не презема ништо. „СДС останува на страната на криминалот и корупцијата. СДС единствено на чија страна останува е таа на инкриминираната нивна партиска елита. СДС не го интересира како живее народот, …

Continue Reading

Викендов дожд, локално ќе има невреме

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југоисточен ветер, информира УХРМ. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50 катница во Дубаи

Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница. Филипче и СДС, вели тој, секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција. „Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен …

Continue Reading

Одржано 3. издание на „Гевгелиски велотлон“

АМД „Дичо Панов“- Гевгелија и годинава собра 47 вљубеници во спортот кои се натпреваруваа на 3. по ред „Гевгелиски велотлон“, којшто се одржа на 18 мај 2025 година, на патеката „Курија“ во близина на Негорските Бањи. Учесниците од повеќе градови во Македонија се натпреваруваа во три дисциплини- возење со велосипед по off road патека, трчање и совладување препреки. Годинешен апсолутен …

Continue Reading