Дводневна програма за чествување на 24 Мај- Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“


3c63e20f-6f43-487d-bf25-1aa543205424.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гевгелиското архиерејско намесништво со богата дводневна програма за одбележување на Патронот на црквата „Св. Кирил и Методиј“- 24 Мај. Чествувањето ќе започне на 23 мај 2025 година, со Акатист кон Свети Кирил и Методиј со петолебие. Вечерта, во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“, од 18:45 до 19:30 часот , следува културно-уметничката програма. Ќе настапат: „Распеани гевгеличани“, Ансамбл „Бојмија“, Балетската група „Дива“ и Мандолинскиот оркестар „Полифонија“.

На 24 мај 2025 година, ќе биде отлсужена Празнична утрена во 07:00 часот, а во 08:30 ќе започне Светата Божествена литургија со благословување на кумски колачи и осветување вода. Со почеток од 11:00 часот, ќе се одржи Празнична литија, а во 11:30 часот, следи настапот на Ансамбл „Македонија“. Одбележувањето на 24 Мај ќе заврши со ручек, во 12:30 часот.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK