Голема поддршка за СТЕМ шампионите во роботика
Марко, Стефан, Павел, Неда, Анастасија, Јаков и Андреј пред многубројна публика на донаторската вечер што се одржа во „Beer Garden” ги претставија роботските креации со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad што од 11-14 април ќе се одржи на Крит, Грција. Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и од желбата за што подобро …
Continue Reading
Девојче дошло до првиот минувач на кој случајно наишло и побарало помош: по пронаоѓањето на поголем број деца во БиХ
По пронаоѓањето на поголем број деца на подрачјето на Брчко, за кои се смета дека се жртви на кривично дело трговија со луѓе, полициската управа на Хрватска излезе со соопштение. Во него тие нагласуваат дека е воспоставен контакт со колеги од полицијата на округот Брчко и дека според првичните информации шест деца имаат хрватски документи. Како што наведуваат, прелиминарните проверки …
Continue Reading
Осумгодишно девојче починало, родителите не и давале инсулин: биле припадници на секта во Австралија
Родителите на осумгодишно девојче со дијабетес во Австралија, кое починало откако речиси една недела не и бил даван инсулин, се осудени на 14 години затвор за убиство од небрежност. На Елизабет Струхс ѝ бил дијагностициран дијабетес тип 1 во 2019 година, а семејството било информирано дека на девојчето ќе и требаат дневни инсулински инјекции, пишува Би-Би-Си. Родителите припаѓале на религиозна …
Continue Reading
Лавров: Европа го поткопува решението на конфликтот во Украина
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека само Западот и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги попречуваат мировните преговори. За време на посетата на Доха, тој рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, многупати одговарал на лажните обвинувања за преговорите и дека најдобрата помош за оние кои искрено сакаат да го решат овој конфликт е да разберат зошто …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова положи венец на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Претседателката положи венци со свежо цвеќе и …
Continue Reading
Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи
Украинскиот претседате Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до нови договори, но потврди дека сè уште не се постигнати безбедносни гаранции, пренесуваат медиумите во регионот. Договорот го окарактеризира само како „рамковен договор“. Зеленски спомна заеднички фонд во кој ќе се инвестираат 50 отсто од приходите од природните ресурси на …
Continue Reading
Исени во СВР Скопје: Безбедноста во градот е добра и покрај предизвиците со кои се соочува секторот
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Скопје. На средбата беа разгледувани актуелните состојби во најголемиот сектор за внатрешни работи, предизвиците со кои се соочуваат како недостаток на кадар и можностите на решавање на истите. „И покрај предизвиците со кои се соочува СВР Скопје констатиравме дека безбедноста во градот е добра …
Continue Reading
Вардар, Шкендија, Струга и АП Брера изборија пласман во полуфиналето
Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими. Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута. Актуелниот шампион …
Continue Reading
Кривична пријава против градоначалникот на општина Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки …
Continue Reading