Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП. По целосно документирање на случајот, против нив ќе …

Continue Reading

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови на Судскиот совет, меѓу кои е и таа. Чачарова-Илиевска, која пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, денес одговори на наводите во интерпелација. „Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував …

Continue Reading

Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал. Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода. Увид бил извршен и се работи на расчистување на …

Continue Reading

Мартовски пензии повисоки за 2.500 денари: зголемување ќе добијат над 300.000 пензионери

Пензионерите во април ќе земат повисоки пензии за 2.500 денари. Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов раст на пензиите од 1 март 2025 година. – Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став …

Continue Reading

Средба на Муцунски со европратеникот од Европскиот парламент, Томас Вајц, нагласена потребата од продлабочување на соработката

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со европратеникот и известител од Европскиот парламент, Томас Вајц, при што беше разговарано за напредокот на државата во процесот на европска интеграција, идните чекори во пристапниот процес, како и можностите за зајакнување на соработката со Европскиот парламент. Од страна на министерот Муцунски беше потенцирана цврстата посветеност на Владата за …

Continue Reading

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од наведениот закон. Меѓу нив се пратеникот Борислав Крмов од Левица, екс-вицепремиерот Артан Груби кој е во бегство, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, Фатмир Меџити актуелен министер за здравство. „Фатмир Меџити, Министер за здравство, …

Continue Reading

Додик се огласи по пресудата

Милорад Додик по пресудата, со која беше прогласен за виновен, изјави дека нема причина за загриженост. „Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето тука ќе објаснуваат зошто не сум виновен“, рече Додик пред Народното собрание во Бања Лука. „Значи, нема причина за грижа, научив да …

Continue Reading

Додик осуден на една година затвор

Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење службена или политичка функција. Станува збор за првостепена пресуда, која засега не е правосилна, а таква ќе стане откако и одбраната и обвинителството ќе поднесат жалби и конечната одлука …

Continue Reading