Мицкоски на економски и политички средби во Вашингтон: „Се лобира за интересите и напредок на државата“, велат од Владата
Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД кои се оддржаа во Вашингтон. Тој оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли со кого го проследија поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Меѓудругото престојот во Вашингтон беше искористен и за бројни средби …
Continue Reading
Веднаш по враќањето од Вашингтон Мицкоски ќе преговара за зголемување на платите на административците кои протестираа, вели Трендафилов
Владата ја прифати подадената рака од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ) кој побара продолжување на прекинатиот дијалог за 30 отсто поголема плата на административците чии плати не се покачени. На протестите минатата недела тие кажаа дека не само декларативно, како Владата, туку и формално пратиле барање за средба со премиерот Христијан Мицкоски, а …
Continue Reading
(Видео) Гори хотел во ски-центар во Турција – најмалку 66 мртви, луѓето скокаат од прозорците
Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција. Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу. Heartbreaking news from Turkey! At least 66 lives lost after a massive fire engulfed a popular ski …
Continue Reading
Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност
Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата во сајбер просторот. Oваа стратегија означува пресвртница во напорите на државата да ја заштити својата дигитална инфраструктура и да изгради побезбедна, посигурна иднина за сите. Стратегијата се донесува по тригодишен јаз без национална рамка …
Continue Reading
И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица се потребни 62.861 денар
Вредноста на минималната синдикална кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денари или во сооднос со вредноста на синдикалната минимална кошничка за декември која изнесуваше 62.861 денар е зголемена за 391 денар, сооопшти денес претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Делот за храна и пијалаци, место да бележи намалување за …
Continue Reading
(Видео) Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува Тиранската платформа
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во однос на двојазичните лиценци во градинките потенцираше дека владејачката партија ја спроведува Тиранската платформа. – Ова не е наивен закон. Левица е позната по своите преседани, но за разлика од владејачкото мнозинство, Левица прави позитивни преседани. Првиот беше со разрешувањето на Илире Даути, а вториот што вашата Претседателката која повеќе е министер …
Continue Reading
Во здравствената заштита базирана на вредности приматот се става на перспективата на пациентите
Зошто во одредени држави се трошат многу повеќе пари за административни процедури за здравствена заштита, а резултатите изостануваат, додека во други држави со помалку пари се постигнуваат многу поголеми ефекти? Зошто постои диспропорција меѓу средствата што се вложуваат и резултатите што се добиваат? На ова, а и на многу други прашања, одговараше Грејс Сара Џенингс, сениор директор во британскиот Меѓународен …
Continue Reading
Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат по 1000 евра за квадрат
На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен. 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен. 71 паркинг место по 500 …
Continue Reading
Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Мобилен тим спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски …
Continue Reading