Во здравствената заштита базирана на вредности приматот се става на перспективата на пациентите

roche konf
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зошто во одредени држави се трошат многу повеќе пари за административни процедури за здравствена заштита, а резултатите изостануваат, додека во други држави со помалку пари се постигнуваат многу поголеми ефекти? Зошто постои диспропорција меѓу средствата што се вложуваат и резултатите што се добиваат?

На ова, а и на многу други прашања, одговараше Грејс Сара Џенингс, сениор директор во британскиот Меѓународен конзорциум за мерење здравствени резултати (ICHOM), образложувајќи ја важноста од здравствената заштита базирана на вредности (анг. Value Based Health Care), на конференцијата “Unlocking the Path to Value: Advancing Precision and the Role of Biomarker Testing in Modern Oncology – RUBICON 2024” што се одржа во Скопје на оваа тема.


Меѓународниот конзорциум за мерење здравствени резултати е меѓународна непрофитна организација чија мисија е да го „отклучи“ потенцијалот на здравствената заштита базирана на вредности, ставајќи ја перспективата на пациентот во центарот на грижата.

Работата на овој конзорциум се состои од стандардизација на сетови од мерки во чиј центар е ставен пациентот, а приматот се става на резултатите, односно на исходот што се очекува да се постигне. Досега се формирани 46 сетови од мерки кои покриваат различни состојби, а се имплементирани во здравствените системи во 85 држави.

Џенингс образложи зошто приматот на здравствената заштита базирана на вредност се става на резултатите кои се важни за самиот пациент.  „Често повеќе се грижиме за самите процеси, отколку за исходите што ги добиваме во здравствената заштита. Информациите се исклучително важни кога се одлучува по кој пат да се придвижите. Сега, она што го купувате се всушност влезните материјали, а треба да се купуваат излезните. Затоа потребно е да собираме податоци, да ги согледуваме исходите. Сега, во многу здравствени системи има многу ферментирани податоци, со што е невозможно да се согледаат и измерат ефектите“, рече таа.

Според Џенингс, само она што може да се мери, може и да се менаџира. „Ако не можете да го мерите, не можете да го контролирате. Токму затоа е важно да се размисли какви мерила се важни. Се работи за клинички извештаи и она што го пријавуваат пациентите. Тоа се бројки според кои се гледа како напредува болеста, но и како се чувствуваат пациентите, да се видат објективните резултати и врз основа на тоа да се гради системот на здравствена заштита“, изјави таа на конференцијата организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести.

Во светски рамки сѐ повеќе се нагласува таканаречената здравствена заштита базирана на вредност, која претставува пат кон постигнување на аспирациите кон „тројната цел“ – подобрување на искуството на пациентот во однос на грижата, подобрување на здравјето на населението и намалување на трошоците за здравствена заштита по глава на жител, што воедно би значело и подобрување на искуството на лекарите. Здравјето на населението се подобрува само кога се подобруваат здравствените резултати на многу поединци, што всушност претставува фокусот на здравствената заштита базирана на вредности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK