Израелци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. „На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Четири лица уапсени поради пожарoт во хотелот во Турција, меѓу нив и сопственикот
Министерот за правда Јилмаз Тунч на социјалните мрежи објави дека државното обвинителство во Болу започна сеопфатна и темелна кривична истрага за пожарот во хотелот во Карталкаја, во кој животот го загубија 66 лица, а 51 лице беа повредени. „Во рамки на истрагата, предводена од шест државни обвинители, уапсени се четири лица, меѓу кои и сопственикот на зградата. Стручен тим од …
Continue Reading
Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите. Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис …
Continue Reading
Ѓоковиќ го победи Алкараз, закажа полуфинале со Зверев
Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Десеткратниот освојувач на турнирот во Мелбурн за три часа и 37 минути го порази Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Ѓоковиќ ја забележа петтата победа во осмото соочување со Алкараз. Српскиот тенисер 12. пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Го победи Алкараз и покрај тоа што …
Continue Reading
(Видео) Драматична снимка од Турција: луѓе со чаршафи се спуштаа од горните катови на запалениот хотел
Најмалку 66 лица загинаа, а уште 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција. Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу. Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време на катот каде што се наоѓа ресторанот. Зградата …
Continue Reading
ЕУ: Се надеваме дека САД ќе го сменат мислењето за напуштање на СЗО
Светската здравствена организација (СЗО) жали за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од глобалната агенција и се надева дека ќе се премисли, додека ЕУ изразува загриженост за најавата за повлекување и исто така се надева дека одлуката се уште се разгледува. „Се надеваме дека САД ќе преиспитаат и навистина се надеваме дека ќе има конструктивен дијалог …
Continue Reading
Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот канал
Русија денеска го предупреди новиот американски претседател Доналд Трамп да не ни помисли да ја преземе контролата над Панамскиот канал. Трамп најави дека ќе ја преземе сопственоста на оваа клучна поморска трговска рута, која Америка и ја отстапи на Панама во 1977 година, нарекувајќи ја витална за американските интереси и не ја отфрли можноста за употреба на воена сила за …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион
Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови, рече потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, одговарајќи на новинарско прашање. Како што истакна, власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да …
Continue Reading
(Видео) Илиевски: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра
На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, објави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. Како што рече, тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка. „Еве ја целата шема, како парите на граѓаните завршуваат …
Continue Reading