(Фотогалерија) Гаснењето на пожарот во Домот за стари лица во Кавадарци

Пожарникарите од Кавадарци споделија фотографии од Домот за стари лица што вчера гореше во селото Чемерско.   Евакуирани беа 30-на станари во Домот, од кои петмина беа неподвижни и никој од нив не заврши со посериозни повреди. „Со голема пожртвуваност на персоналот на старечкиот дом и пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенцијата беше завршена со голем успех односно немаше повредени лица …

Continue Reading

Лавров: Претседателите на Русија и САД веќе покажаа подготвеност за контакти

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД веќе покажале подготвеност за контакти. „Што се однесува до контактите, претседателот на Русија, Владимир Путин, на прашањето дали е подготвен за контакти, одговори позитивно, а потоа претседателот на САДm Доналд Трамп рече дека има намера да контактира со претседателот на Руската Федерација во блиска иднина, …

Continue Reading

„Вреди“: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Коалицијата „Вреди“ успева да ги реши клучните прашања за Албанците во првата година од владеењето. Законот за заштита на децата денеска по втор пат ќе се најде пред пратениците. „Вреди“ сега успеа да им овозможи на кандидатите Албанци за згрижување деца да го полагаат испитот на албански јазик и лиценците да ги имаат на албански јазик, истакнуваат од оваа коалиција …

Continue Reading

Поранешната американска потпретседателка се огласи од Калифорнија: „Камала Д. Харис секогаш се бори за народот“

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис, по враќањето во Калифорнија, рече дека најважно за неа е да им даде до знаење на луѓето погодени од пожарите во таа американска држава дека не се сами. По посетата на противпожарната станица во Алтадена, Калифорнија, таа и нејзиниот сопруг Даг Емхоф поделиле бесплатни оброци во Народната кујна, пренесува американски „Politico“. „Ние сме некои од …

Continue Reading

Вицепремиерката на Шпанија најави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х

Потпретседателката на шпанската влада Јоланда Дијаз денеска изјави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х, во сопственост на милијардерот Илон Маск, поради неговото однесување во понеделникот за време на настаните поврзани со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. „Нема да бидам дел од социјална мрежа заснована на употреба на алгоритми кои поттикнуваат ксенофобични идеи, се спротивставуваат на …

Continue Reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата советничка група нема изгласано никакво намалување на средства за борбата против загадувањето

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема изгласано никакво намалување на средствата за борба против загадување на воздухот, реагира владејачката партија по обвинувањата изнесени од Љубица Јанчева од СДСМ. „Единствената гласачка машинерија во Град Скопје на Данела Арсовска е СДС, ДУИ и Левица. Сите прашања врзани со тоа треба да ги постават на друга врата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно партијта ги повика …

Continue Reading

(Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати

Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на пристаништето во Барселона утринава, соопштија службите за итни случаи во шпанската област Каталонија. Una explosión en el Muelle de Energía del Puerto de Barcelona ha dejado al menos un muerto y un herido#explosion #Barcelona #iranpress pic.twitter.com/pOZvl6xGYz — SpanishIranpress (@Spainiranpress) January 21, 2025 Се известува дека пожарот предизвикан од експлозијата е …

Continue Reading

Ослободени двајца Американци во Авганистан во размена со талибанците

Двајца Американци држени од талибанските власти во Авганистан се ослободени во замена за еден Авганистанец затворен во САД под обвинение за трговија со дрога и тероризам, јавува Би-Би-Си. Рајан Корбет и Вилијам Валас Мекенти беа ослободени откако Кан Мохамад, кој издржуваше доживотна казна затвор во федерален затвор во Калифорнија, беше вратен во Авганистан. Талибанската влада во Кабул го објави договорот …

Continue Reading