Ердоган: Бајден и САД се соучесници во израелските воени злосторства

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација дека се соучесници во израелските воени злосторства и кршење на меѓународното право во конфликтот во Појасот Газа и побара да се воведат санкции против Израел. Во интервју за „Newsweek“ за време на самитот на НАТО во Вашингтон, Ердоган рече дека израелските „брутални убиства“ на цивили, нападите …

Continue Reading

Хамас: Посредниците се уште не ни доставиле нови информации за преговорите

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека посредниците се уште не и ги доставиле најновите информации во врска со преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Хамас, исто така, го обвини Израел дека „одолговлекува“ за да добие време и да ја спречи актуелната рунда преговори, како што тоа го правеше во претходните рунди, објави Ројтерс. Катарските и египетските посредници, …

Continue Reading

38 лица загинаа во Индија за време на невремето од удар на гром

На северот на Индија, во државата Утар Прадеш, удар на гром за време на бура во средата уби 38 луѓе. Најголем број жртви е забележан во северозападниот дел на земјата, во Пратапгарх, каде загинаа 11 лица, а нивните тела се испратени на обдукција, пренесува India Today. Повеќето од жртвите биле погодени од гром додека работеле на фармата или ловеле риба.

Continue Reading

Се затресе тлото во Србија: Земјотрес во Младеновац

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Младеновац во 14 часот и 40 минути. Земјотресот се случил на длабочина од 2 километри, Нема информација за штети во епицентралното подрачје.

Continue Reading

Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта

Од раните утрински часови хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта. Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа. „Доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи …

Continue Reading

Министерот Горан Минчев се сретна со претставниците од синдикалните организации

  Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со претседателот Трпе Деаноски и членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и со претседателот Благоја Ралповски и членови на Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија (КСС). На средбата се разговараше за предизвиците и моменталната состојба на вработените во …

Continue Reading

Мемов до разочараните од СДСМ: Има голем интерес за нови членови, ги охрабрувам да дојдат во канцелариите на ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија бележи зголемен интерес за нови членства, извести денес портпаролот на партијата Никола Мемов. Тој го охрабри разочараното членство на СДСМ да премине во Движењето ЗНАМ. „Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите …

Continue Reading

Општина Карпош ја промовираше услугата за посебен превоз на стари лица и лица со попреченост

Согласно Програмата на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје кон средината на месец мај годинава, започна со реализација на услугата за посебен превоз на стари, болни и лица со попреченост над 18 години. Станува збор за меѓуинституционална соработка која треба да им го олесни секојдневниот живот на оваа ранлива …

Continue Reading

Радослав Варџиски – „десната рака“ на кумановскиот градоначалник стана заменик-министер за дигитална трансформација, а Мирослав Лабудовиќ за енергетика

На партиски состанок, политичката партија ЗНАМ, ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, соопшти дека Централниот одбор едногласно одлучил да ги назначи Мирослав Лабудовиќ за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Радослав Настасијевиќ Варџиски за заменик министер за дигитална трансформација. …

Continue Reading