Радослав Варџиски – „десната рака“ на кумановскиот градоначалник стана заменик-министер за дигитална трансформација, а Мирослав Лабудовиќ за енергетика

maksim-dimitrievski-znam-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На партиски состанок, политичката партија ЗНАМ, ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.

Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, соопшти дека Централниот одбор едногласно одлучил да ги назначи Мирослав Лабудовиќ за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Радослав Настасијевиќ Варџиски за заменик министер за дигитална трансформација.

Радослав Настасијевиќ Варџиски важи за најбллизок соработник на лидерот на ЗНАМ, и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а воедно е и негов сосед од младоста.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK