Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими во општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели. Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се …
Continue Reading
Муртезани-Бомгартнер: во фокусот евроинтегративните процеси
Министерот Орхан Муртезани оствари средба со амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер. Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Франција како и можностите за продлабочување на истата. Во 2021 година беше ратификуван Договорот помеѓу Северна Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Северна …
Continue Reading
Затвореник со фалсификувана бугарска лична карта пробал да замине во Грција на викенд
Вчера во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име. При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Венко Филипче да каже како со плата се купува „ауди Q8“ и се гради хациенда на Водно
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција го повика Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно. „Чиво е аудито со кое Венко Филипче се вози, и дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на …
Continue Reading
Детали за сообраќајката кај Прилеп: загина 21-годишно момче, се судриле три возила
Младо момче загина во тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне го затвори патот Прилеп-Битола. Според деталите од полицијата, несреќата се случила на излез од Прилеп, а во неа учествувале три возила. Загинатиот е 21-годишниот С.С. од Прилеп. Неговиот автомобил „рено“ се судрил со товарно возило управувано од К.И.(58) од Кавадарци и „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од …
Continue Reading
Температури и над 40 степени: периодот на многу топло време продолжува до следната седмица
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C, соопшти УХМР. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица …
Continue Reading
Со автобус удрена 84-годишна жена во Илинден, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје, автобус „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Марино, скопско, удрило во пешак, 84-годишната С.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Повеќекратен шампион во велосипедизам загина во војната во Украина
Во Волчанск почина повеќекратниот шампион на Украина во велосипедизам Андреј Куценко. Андреј Куценко (35), роден во Лавов, се приклучил на војската на Украина во март 2022 година. На 3 јули Куценко бил убиен во војната. Добитник и освојувач е на многу медали на меѓународни натпревари, учесник на европски и светски првенства, повеќекратен шампион на Украина. Десет години (2006-2016) го претставуваше …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се, велат од СДСМ
Уште неседнати на фотељите, секојдневно ги слушаме функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а сега и Николоски како се жалат и правдаат дека било тешко да се работи заради лошата состојба на буџетот. Почнаа да бараат алиби, сакајќи да го оправдаат неисполнувањето на ветувањата како тоа за покачување на минимланата плата, но и за други, велат од СДСМ. „Владата …
Continue Reading