Детали за сообраќајката кај Прилеп: загина 21-годишно момче, се судриле три возила

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Младо момче загина во тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне го затвори патот Прилеп-Битола.

Според деталите од полицијата, несреќата се случила на излез од Прилеп, а во неа учествувале три возила.

Загинатиот е 21-годишниот С.С. од Прилеп. Неговиот автомобил „рено“ се судрил со товарно возило управувано од К.И.(58) од Кавадарци и „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.

Младото момче загинало на лице место, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид.

Фото: илустрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK