Средба Божиновска – Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер. Како што известува Министерството, на средбата се разговарало за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти. Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките …
Continue Reading
Се преврте кајак во Охридското езеро, две малолетни лица спасени со полициски чамец
Денеска во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица, извести СВР Охрид. По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во …
Continue Reading
ШАХ: започна трката за двете места во елитната дивизија; ШК Мулти Есенс стартуваше со победа во првиот настап
Вчера во Струга се одиграа партиите од првото коло од Втората шаховска лига на Македонија, во која настапува и новоформираниот шаховски клуб „Мулти Есенс“, кој, во согласност со стратегијата на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, ќе биде полигон за калење млади шахисти во сениорска конкуренција. Откако пролетва успешно ги минаа квалификациите, младинците од шаховската школа на нашиот најтрофеен колектив стартуваа со …
Continue Reading
Маж му се заканувал на доктор од Градската општа болница, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 04.01 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Н.Л. од село Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Полска ги подигна борбените авиони
Полска ги подигна борбените авиони за да го заштити својот воздушен простор откако Русија го изврши најсмртоносниот напад оваа година врз Украина. Авионите беа лансирани откако руските авиони „повторно почнаа да испалуваат проектили кон Украина“, соопшти полското воено воздухопловство на мрежата Икс.
Continue Reading
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на детска болница
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство за време на ракетните напади што го погодија главниот град на Украина и оштетија детска болница. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија. „Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени …
Continue Reading
Три лица истепаа скопјанец во центарот на градот, му бил украден и мобилниот телефон
Вчера, во 16.10 часот во СВР Скопје, 38-годишниот А.Ј. од Скопје пријавил дека на 06.07.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои му го одзеле мобилниот телефон, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Од домот во Скопје се оддалечила 16-годишна девојка, полицијата презема мерки
Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, 38-годишната С.К. од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила 16-годишната Ј.А., која ѝ била доделена на згрижување, а која во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад, извести МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Continue Reading
Скопјанка истепана во парк во Кисела Вода
Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 31-годишната Ц.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А., извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading