Трамп вели дека може да ја запре војната за еден ден, Путин: Тој е сериозен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека гледал делови од дебатата меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп и дека сепак претпочита Бајден да биде новиот американски претседател. Запрашан дали Бајден или Трамп се подобри и дали неговата преференца за Бајден се променила по дебатата, Путин рече: „Ништо не се смени“. „Дали знаевме што може да се случи? Знаевме“, додаде тој. …

Continue Reading

Грузија елиминирана од Филипини

Кошаркарите на Филипини ја елиминираа Грузија на селекторот Александар Џикиќ од трката за Олимписките игри.   Иако Грузија победи со 96-94 во натпреварот од третото коло од квалификациите за групата Б1. На Грузија и требаше победа од најмалку 19 бода за да се пласира во полуфиналето на квалификацискиот турнир во Рига. Во средината на вториот дел избраниците на Џикиќ имаа …

Continue Reading

Српските цариници запреле порше, во долната облека на жената нашле околу 60 илјади евра

Цариниците на граничниот премин Градина меѓу Бугарија и Србија во соработка со полицијата спречија патничка да прошверцува речиси 57.000 евра преку граница во долна облека која ја носела. Случајот бил откриен кога на контролната линија на излез од државата пристигнало „порше кајен“ со странски регистарски таблички, во кое двајца патници патувале од Германија кон Турција. Иако пријавиле само личен багаж …

Continue Reading

(Видео) Руските комичари кои ги насамарија европските политичари ја добија највисоката државна награда

Руското дуо измамници, кои често успеваат да насамарат политичари интересни за руската држава, ја добија највисоката државна награда на Кремљ, јави денеска државната новинска агенција РИА. Тоа се Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, кои ги користат псевдонимите Вован и Лексус, а РИА ја објави нивната фотографија направена на доделувањето на наградата во Кремљ со чаши шампањ во рака. Церемонијата се …

Continue Reading

(Видео) Страшни пожари во Калифорнија, десетици илјади луѓе во бегство

Шумските пожари се шират низ Северна Калифорнија поради силниот топлотен бран, а на десетици илјади луѓе им е наредено да се евакуираат, јавува Би-би-си. На околу 28.000 луѓе им било кажано да ги евакуираат своите домови откако избувна шумски пожар оваа недела, објави Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари (CalFire). Опасното топло, суво и ветровито време се очекува …

Continue Reading

Главната цел на Германија е да го освои Европското првенство

Фудбалскиот репрезентативец на Германија, Тони Крос изјави дека главната цел на неговиот тим е да ја освои титулата на Европското првенство. „Со влезот во четвртфиналето на Европското првенство ја постигнавме минималната цел, а главната е победа на турнирот“, изјави Крос. Тој претходно најави дека по ЕП 2024 ќе стави крај на играчката кариера. “Ова лето ги играм последните натпревари на …

Continue Reading

Алијанса за Албанците: Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Мицкоски

„Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ. Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот“, велат од Алијанса за Албанците. „Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од …

Continue Reading

(Видео) „Стоп за топилница на алуминиум во Ново Село“, пратениците на Левица го поддржаа протестот

Поголем број на граѓански здруженија, екологисти и активисти од струмичко денес протестираа против отворање на топилница во Општина Ново Село. На протестот учествуваа и пратениците од Левица, Сашко Јанчев и Реџеп Исмаил, заедно со активисти од локалните ограноци од овој регион. Во непосредна близина на селото Самуилово започната е изградба на топилница за алуминиум, која без дилема ќе ги загадува …

Continue Reading

Почеток на подготовките на кадетската репрезентација во кошарка

Од вчера, „во погон“ е ставена и машка кадетска селекција во кошарка. Со првиот собир во СРЦ „Кале“, нашиот национален тим „под 16“ години ги започна подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 8. до 17.август ќе се одржи во главниот град. Селекторот Александар Јованчев и неговиот стручен тим се одлучија за еден поширок список на …

Continue Reading