(Видео) Страшни пожари во Калифорнија, десетици илјади луѓе во бегство

Screenshot-2024-07-04-180157.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шумските пожари се шират низ Северна Калифорнија поради силниот топлотен бран, а на десетици илјади луѓе им е наредено да се евакуираат, јавува Би-би-си. На околу 28.000 луѓе им било кажано да ги евакуираат своите домови откако избувна шумски пожар оваа недела, објави Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари (CalFire).

Опасното топло, суво и ветровито време се очекува да продолжи, а Националната метеоролошка служба предвидува дека температурите би можеле да достигнат до 47 степени во некои области на почетокот на следната недела.

Градот Оровил, кој се наоѓа недалеку од местото каде што избувна пожарот, ја откажа прославата на огнометот на 4 јули, а властите ги предупредија жителите да не палат огномет за да се избегне ризикот од нови пожари.

„Последното нешто што ни треба е некој што купил огномет на локален штанд да излезе и да направи нешто глупаво“, рече шерифот на округот Бут, Кори Хонеа. „Не биди идиот, не пали пожар и не ни прави повеќе проблеми“, додаде тој.

Хонеа рече дека четири пожари избувнале во областа во изминатите неколку недели и предупреди дека нема крај на опасноста: „Ова е многу лоша сезона на пожари“.

Неодамна во Калифорнија започна сезоната на пожари, која обично трае до октомври. Големината и интензитетот на шумските пожари во државата се зголемени во последните години. Количината на изгорена земја во текот на летото во северна и централна Калифорнија се зголеми петкратно од 1996 до 2021 година во споредба со 24-годишниот период претходно, што научниците го припишуваат на климатските промени предизвикани од човекот.

Оваа недела, Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за топлотни бранови и црвени аларми, што укажува на топло, суво и ветровито време низ целата држава. Агенцијата соопшти дека „опасните“ температури претставуваат висок до екстремен ризик од топлотен стрес или болест.

Според CalFire, околу 24 пожари избувнале низ државата од последната недела на јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK