Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП

Луис де ла Фуенте, селектор на Шпанија, зборуваше за програмата на Радио Марка, ден пред утрешниот натпревар против Хрватска кој од 18 часот се игра во Берлин. „Тимот е многу фокусиран и добро подготвен. Тие едвај чекаат да истрчаат утре на теренот и нивното однесување ме прави горд. Тие се пример за доблес, тимска работа и соживот. Што се однесува …

Continue Reading

41 крводарителска акција од јануари годинава организираше општинската организација Црвен крст-Центар

По повод Светскиот ден на крводарителството Општина Центар известува дека Општинската организација на Црвен Крст Центар од јануари до мај 2024 година, има организирано 41 крводарителска акција во која се обезбедени 1938 крвни единици. „Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот. Општина Центар во соработка со Црвен Крст секоја …

Continue Reading

Ганц би го победил Нетанјаху, доколку изборите во Израел се одржат сега, според последните анкети

Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена по повлекувањето на партијата на Ганц од владата. Според тоа истражување, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“. Речиси половина од …

Continue Reading

Насмевки, прегратки и селфи: Мелони ги пречека лидерите на Г7 како вистинска домаќинка

Со широка насмевка, во розова облека и видно позитивно расположена, една од најголемите победници на изборите за Европскиот парламент, италијанската премиерка Џорѓа Мелони, ги пречека лидерите и шефовите на државите на Г7 на самитот во Пуља. Таа како добра домаќинка ги поздравуваше гостите, правеше селфи и се погрижи да ги пречека колегите во многу топла атмосфера. Таа беше уловена како …

Continue Reading

Фоден пред ЕП бил кај гатачка

Фил Фоден најдобриот играч во Премиер лигата е најголемиот адут на Англија на Европското првенство кое вечерва ќе започне во Германија. Фоден, во пресрет на континенталниот шампионат, бил кај гатачка. Според таблоидот „Сан“, Фоден и неговата бремена девојка Ребека Кук биле кај гатачката Клои Смит која им гледала во тарот карти. „Уживав во гледањето на тарот картите за Фил и …

Continue Reading

Детали за нападот во училиштето во Белград: насилната мајка ја претепала професорката по биологија, во полиција го признала делото

Мајката на ученикот на основното училиште „Јован Дучиќ“ во Белград која ја нападна и брутално ја претепа наставничката по биологија, во полиција признала дека завршила курс за боречки вештини, пишува „Курир“. „Мајката дојде на отворената врата и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, а има просек од 3“, вели наставничката од белградското основно училиште „Јован Дучиќ“ …

Continue Reading

Рации низ Германија, запленет кокаин вреден една милијарда евра

Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра. Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се познати повеќе детали, ниту пак …

Continue Reading

Реконструкција на владата во Грција: новиот состав ќе биде познат напладне

Во Грција денеска ќе се реконструира владата, а новиот состав на кабинетот напладне ќе го соопшти владиниот портпарол. Кабинетот на премиерот Кирјакос Микотакис соопшти дека владиниот медиумски претставник Павлос Маринакис на прес-конференција ќе ги соопшти промените што следуваат. Како што јави грчката ТВ „ЕРТ“, се очекува да бидат сменети неколку министри, а главен критериум по кој ќе се носат одлуките …

Continue Reading

Вицегувернерката Митреска на Годишното собрание на ЦЕФ: Инвестирањето во човечките ресурси е клучно за градењето силни институции

Силните институции се предуслов за силни економии и правични општества. Највредниот ресурс на институциите е човечкиот капитал, оттаму инвестициите и стратегијата на постојан развој и унапредување на кадрите е суштинска за нивното јакнење. Забрзаниот развој на технологиите, климатските промени, геополитичката нестабилност и флуктуацијата на кадрите создаваат неизвесно окружување за јавните институции. Оттаму, тие треба да вложуваат во задржување на постоечките …

Continue Reading