Детали за нападот во училиштето во Белград: насилната мајка ја претепала професорката по биологија, во полиција го признала делото

Двајца-ученици-на-12-и-13-години-приведени-поради-испраќање.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мајката на ученикот на основното училиште „Јован Дучиќ“ во Белград која ја нападна и брутално ја претепа наставничката по биологија, во полиција признала дека завршила курс за боречки вештини, пишува „Курир“.

„Мајката дојде на отворената врата и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, а има просек од 3“, вели наставничката од белградското основно училиште „Јован Дучиќ“ која ја придружувала својата повредена колешка до болница.

Таа вели дека наставничката по биологија за да ги реши несогласувањата ја повикала мајката во канцеларија. Но, наместо решение, следувало тешко насилство.

„Таа и кажа ужасни работи: „Не знаеш која сум јас, кучко“, раскажала учителката.

Потоа се заканила дека ќе оди кај директорот, што наставничката по биологија го поддржала. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила. Од вратата, ја фатила за косата, ја турнала на подот и ја удрира главата во подот.

„Ќе ти го убијам семејството“, извикала мајката напаѓач, пренесува медиумот.

„Нема да работиш никаде на друго место, нема да работиш во ова училиште, ќе се сеќаваш на мене, не знаеш која сум. Ќе ти го убијам семејството“, викала таа.

Наставничката според кажувањата на колешката, успеала во ден момент да се оттргне и отрчала до полицаецот, но тој не бил таму. Вработените потоа повикале полиција која дошла и ја зела изјавата.

„Колешката има контузија на градниот кош, а повредени и се и ногата и раката, а има и гребаници“, изјавила колешката на повредената наставничка која ја придружувала до болница.

Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка.

Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала.

Како што понатаму изјавија родителите од училиштето каде се случи овој инцидент, жената која ја нападнала професорката по биологија била крупна и била спортски тип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK