Рации низ Германија, запленет кокаин вреден една милијарда евра

germanska-policija2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра.

Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд.

Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен. Јавното обвинителство на Дизелдорф вели само дека операцијата со кодно име Плексус ја извршил заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK