Ганц би го победил Нетанјаху, доколку изборите во Израел се одржат сега, според последните анкети

netanijahu-ganc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена по повлекувањето на партијата на Ганц од владата.

Според тоа истражување, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Речиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер.

Осум месеци по почетокот на војната во Газа, истражувањето покажа дека огромното мнозинство Израелци веруваат дека земјата губи во однос на пропагандата на глобално ниво кога станува збор за овој конфликт.

Ганц поднесе оставка на местото министер за воен кабинет претходно оваа недела, откако Нетанјаху не го исполни неговото барање да претстави јаснаta стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK