Рекордни 117 милиони луѓе беа принудно раселени минатата година

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци денеска објави дека бројот на принудно раселени лица минатата година достигна рекордни 117,3 милиони луѓе, предупредувајќи дека оваа бројка може да се зголеми доколку не се случат големи политички промени на глобално ниво. „Тоа се бегалци, баратели на азил, внатрешно раселени лица, луѓе кои се принудени да заминат поради конфликт, прогон, разни и сè …

Continue Reading

Средба Османи – Конаковиќ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. Соговорниците го поздравија постигнатиот консензус за новиот Генерален секретар на РСС, Амер Капетановиќ, што претставува значаен успех на …

Continue Reading

Надал поради ОИ го пропушта Вимблдон

Рафаел Надал нема да игра на третиот грен слем во сезоната, Вимблдон, откри селекторот на шпанскиот олимписки тим, Давид Ферер. Надал ќе го пропушти неофицијалното светско првенство во тенис за да се подготви за Олимписките игри во Париз. Славниот Шпанец последен пат на Вилблдон настапи во 2022 година, кога беше елиминиран во четвртфиналето. Надал, поради повредата малку играше во псоледните …

Continue Reading

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, за актуелните состојби и европската перспектива на двете земји, како …

Continue Reading

Асфалтирање на седум нови улици во Стопански двор во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денеска стартуваше со асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата конечно добива нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина. Како локална единица, Општина Ѓорче Петров досега самостојно реконструираше над 60-тина улици во општината со што значително се подобри …

Continue Reading

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

Скопје, 13.6.2024 г. – По големата конференција A1SecuriThink на тема „Заштитете го вашиот бизнис“ во Скопје, А1 Македонија организираше средба со деловните корисници овој пат во Тетово, на која најголемите и влијателни бизнисмени во овој регион имаа можност да слушнат за најновите трендови и стратегии во дигиталната индустрија за заштита на бизнисите и на организациите од сајбернапади.  На средбата беа …

Continue Reading

Изработен нов електронски дневник, ќе се применува во новатa учебна година по тест периодот, соопшти МОН

Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија, изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта. Првичните проверки се веќе спроведени во …

Continue Reading

Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово. Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Северна Македонија. Лидл е дел од Schwarz Group …

Continue Reading

75-годишен маж тешко повреден во сообраќајка во Делчевско

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.,,Браќа Миладинови“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.К.(18) од с.Град, делчевско и патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (75) од с.Габрово, делчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. констатирани …

Continue Reading