Комбе излета од патот во река во Пакистан, загинаа 16 лица

Шеснаесет лица загинаа во хималајската област Кашмир кога комбе падна од планински пат во река, соопштија денеска пакистанската полиција и владини претставници. Инцидентот се случил во неделата во долината Нилам, а меѓу загинатите има девет деца и четири жени, додека четири лица се повредени кога скокнале од комбето пред да падне во реката Нилам, се наведува во полициското соопштение, пренесува …

Continue Reading

Нови цени на горивата, поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: …

Continue Reading

Белорусија: Ќе учествуваме во руските нуклеарни вежби

Белорусија денеска објави дека нејзината војска учествува во втората фаза од вежбите за распоредување на руско тактичко нуклеарно оружје кое го нареди рускиот претседател Владимир Путин. Првата фаза од вежбите се одржа во јужна Русија минатиот месец, во она што нуклеарните аналитичари го опишаа како предупредувачки знак на Путин за да го одврати Западот поактивно да влезе во војната во …

Continue Reading

Словенија во 2023 година издаде 5.000 дозволи за престој и работа за лица од Србија

Словенија минатата година издала 5.000 согласности и дозволи за престој и работа на лица од Србија во таа земја, изјави денеска генералниот директор на Агенцијата за вработување на Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц. На состанокот „Животот и работата во Словенија“, организиран во Белград со цел да се претстават условите за живот и работа во Словенија, а на кој се претставија …

Continue Reading

Продолжува узурпацијата на Охридското крајбрежје – Пецаков не реагира, вели партијата Левица

„Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници во Охрид и натаму продолжува. Со одобрение на градоначалникот Кирил Пецаков, локалната власт и Владата предводена од ДПМНЕ, продолжува и бетонската узурпација на охридското крајбрежје“, соопштуваат од партијата Левица. „Охридското езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога. Урбаната мафија продолжува да ужива во своите можности …

Continue Reading

Во Сараево три средни училишта беа евакуирани откако беше пријавена бомба

Во Сараево утрово се евакуирани три средни училишта по дојава за поставени бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. На мејловите на три сараевски средни училишта пристигнале пријави за подметнати бомби, поради што била потребна евакуација, потврди полицијата, пренесува порталот Кликс. Извештаите ги добија Машинско-техничките, Градежно-геодетските и средните деловно-стопански и трговски училишта во Сараево.

Continue Reading

Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер  во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“. „Да се ​​биде овде буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за нивната храброст и непоколеблива решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската …

Continue Reading

Уапсена скопјанка, се обидела да внесе марихуана во затворот Идризово

Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 40-годишната А.А. од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана, која се обидела да ја внесе во Казнено – поправна установа Затвор Идризово при посета на својот сопруг – осуденик во установата, извести МВР. „Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а …

Continue Reading

Тешка повреда на олимписката шампионка во спринт

Елејн Томпсон Хера, петкратна олимписка шампионка во спринт, ја повреди Ахиловата тетива на митингот во Њујорк. Сеуште не е позната тежината на повредата, но постои можност брилијантната атлетичарка од Јамајка да ги пропушти Олимписките игри во Париз. Во Њујорк, таа истрча скромни 11,49 минути, беше деветта и на крајот беше изнесена од теренот на носилки. Томпсон беше олимписка шампионка на …

Continue Reading