Владата за состојбата во хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова, замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица

Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега преземените активности и мерки со цел надминување на истите. На седницата, беа донесени следните заклучоци: – Се укажува, јавните установи од областа …

Continue Reading

Малолетничка нападната кај железничката пруга во Аеродром

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје, 39-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во близина на железничка пруга на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно лице, кое ѝ го одзело мобилниот телефон, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Ново финале за Швјонтек на Ролан Гарос

Ига Швјонтек избори ново финале на Ролан Гарос. Најдобрата тенисерка на ВТА листата во полуфиналето по 96 минути беше подобра од Американката Коко Гоф со 6:2, 6:4. Шввјонтек во сабоата ќе се бори за четвртата титула на Ролан Гарос. Доколку победи тоа ќе и биде трет последователен триумф во Булоњската шума. Гоф се обиде но не успеа да и парира …

Continue Reading

Хаос кај Мрзенци: не застанал на знак за запирање, се обидел да прегази полицаец, а полицаецот пукал во гумата на возилото

Денеска во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода 43-годишниот Б.К. од село Злеово, радовишко, извести МВР. „Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден …

Continue Reading

Кривична против полицаец, истепал осуденик во Затвор Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 55-годишниот В.Т. од Струмица, затворски полицаец во Казнено – поправна установа Затвор Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, извести МВР. „На 12.04.2024 во една од просториите во установата, пријавениот физички го нападнал осуденикот А.Т.“, соопшти МВР.

Continue Reading

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин. На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи, за перспективите за продлабочување на развојната соработка, како и за македонскиот евроинтегративен процес, напредокот во реформите и исполнување на копенхагенските критериуми. Двете соговорнички ги поздравија традиционално добрите политички односи меѓу двете земји, при што претседателката …

Continue Reading

75-годишник од Тетовско ја истепал својата снаа, полицијата поднесе кривична против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 75-годишниот Е.З. од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство, извести МВР. „На 05.03.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа Н.Б.“, соопшти МВР.

Continue Reading

Опожарени две возила во Скопје

Денеска во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Костурска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.И.Е. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(44) од Скопје, извести МВР. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за …

Continue Reading

Кривична против маж од Кичевско, кај него пронајдени 239 куршуми различен калибар

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 30-годишниот И.Б. од кичевското село Лисичани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР. „При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа 239 куршуми …

Continue Reading