Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран на руска територија, пишува CNN. „Прекрасно изгоре. Тоа е руски „С-300“, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје испратено од Западот на непријателска територија“, објави на Фејсбук министерката на украинската влада Ирина Верешчук …

Continue Reading

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден е „речиси идентичен со оној што Хамас рече дека ќе го прифати пред само неколку недели“ и додаде дека „единственото нешто што го спречува прекинот на огнот“ е Хамас. Тој додаде дека Америка и другите посредници „се уште …

Continue Reading

Казни за 114 возачи во Скопје, 13 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се четири мерки за …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче-нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант. Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од …

Continue Reading

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство“

„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата“, ова во интервју за бугарски медиум го изјави американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен, запрашан за македонско-бугарското прашање. „Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници …

Continue Reading

Земјотрес ја погоди Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба. Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих. Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот најверојатно го почувствувале граѓаните низ целата земја, а тој можел …

Continue Reading

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8 Во Скопје променливо облачно со слаб до …

Continue Reading

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе

Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеци, реши да се произнесе и да го даде своето сведочење во врска со овој случај пред обвинителот денеска, ова во текот на изминатата недела го потврди неговиот адвокат Живадин Богдановиќ. Срѓан Јанковиќ, кој управувал со автомобилот кога девојчето било удрено, по апсењето се …

Continue Reading